Потона брод во Охридско езеро-17 жртви/original text/


Потона патнички брод во Охридско езеро, бројот на загинатите постојано се зголемува. Според полициските информации на А1 Телевизија спасувачките екипи сеуште работат на извлекување на жртвите и засега јавуваат за извлечени 17 жртви тела, а 53 се спасени.

Според инфорациите на А1, 12 тела се најдени мртви, а 5 се сметаат за исчезнати.

Станува збор за туристичкиот брод „Илинден“ кој се преврте на околу 200 до 300 метри од брегот во водите на Охридското езеро, во близина на автокампот „Елешец“.

Полицијата реагирала на повик од граѓани од охридската плажа Лагадин. Повикот, кој е примен утрото, е лоциран од ресторанот „Два Бисера“.

53 лица се извлечени живи по хаваријата на бродот „Илинден“. Освен претрпениот шок тие се наоѓаат во добра здрвавстевна состојба и се привремено сместени во хотелот „Метропол“ во Охрид.

Едно лице е хоспитализирано и по пружената реанимацита е ставено под специјална медицинска нега.

Неофицијално во него имало група од педесетина туристи од Бугарија кои сакале да патуваат до „Св. Наум“.

МВР во моментов ги разгледува снимките донесени од „Еулекс“ за да се утврди бројот на патниците и дали сите се регистрирани.

Од причина што патниците на бродот не носеле патни исправи со себе МВР не ја отфрла можноста да има странски државјани но, сеуште работи на утврдување на нивниот идентитет.

На терен пристигнаа и специјалните нуркачки екипи од МВР Скопје.

Очевидци велат дека бродот „Илинден“ наеднаш исчезнал од водената површина на Охридското езеро. Велат дека виделе како бродот се поделил на два дела и потонал за неколку секунди.

Први во помош на патниците во потонатиот брод, пристапиле лица од автокампот со чамец, кои успеале да спасат голем дел од нив.

Сеуште е рано за какви било информации за тоа дали станува збор за несреќа или евентуален дефект на бродот, се шпекулира дека бродот потонал од претовар.

......................

Novinite24 Headline Animator

В БЛОГА СА ИЗПОЛЗВАНИ МАТЕРИАЛИ ОТ БЪЛГАРСКИ И СВЕТОВНИ ИНФОРМАЦИОННИ АГЕНЦИИ И САЙТОВЕ.NOVINITE24 НЕ НОСИ ОТГОВОРНОСТ ЗА СЪДЪРЖАНИЕТО НА КОЙТО И ДА Е САЙТ ДОСТИГНАТ ЧРЕЗ ВЪНШНИ ЛИНКОВЕ ОТ NOVINITE24. ИЗТОЧНИЦИ:

БЪЛГАРСКА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЯ , WWW.BNR.BG , DARIKNEWS.BG, BGNES.COM,ACTUALNO.COM, BTA.BG, PODLUPA.BG,DW, RAZKRITIA.COM, КЛЮКИ.БГ И ДРУГИ СВОБОДНИ ИЗТОЧНИЦИ.